На мое огромно задоволство, денеска заедно со градоначалникот Јованоски извршивме увид во асфалтирањето на патот во Мариовскиот крај, Лагово-Штавица -Витолиште, значаен патен правец за тој дел.Ова практично беше и барање на жителите од овој крај.

Силни градежни работи реализираме во Прилеп и Прилепско, само во патната мрежа во моментов во Прилеп и околината инвестираме преку 70 милиони евра.
Завршивме со:
· рехабилитација на стариот пат од Прилеп до Битола,
· транзитот низ Прилеп и
· патот од Прилеп до Прилепско Езеро.
Во моментов ги рехабилитираме:
· патот до Норово,
· од Лажани до Житоше,
· привршуваме со патот од Дреново до Фариш.
Во текот на овој месец ги објавуваме тендерите за рехабилитација на патиштата:
· Фариш-Прилеп
· Кривогаштани–Крушево

а претходно го рехабилитиравме патниот правец Рапеш-Старавина.
Дополнително обезбедивме 1,2 милиони евра за санација на локалните улици во Прилеп.