Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 299 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 27 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, 55 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.