Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче предмалкалку на својата фан страна на ФБ сподели фотографија од операциона сала со своите млади колеги.

“Неделното утро го започнав со моите млади колеги во хируршката сала на Клиниката за неврохирургија. Извршивме итна операција на пациентка со туморско крварење во мозокот. По операцијата, пациентката е префрлена на интензивна нега.

Едукацијата на младите колеги е клучна за развојот на Клиниката, тие се мојот верен тим во операциона сала.” напиша Филипче во продолжение на фотографијата.