“Денес во Драчево започнуваме со градежни зафати и со ова, го затвораме поглавјето за реконструкција на СИТЕ УЛИЦИ во населбата.” објави денес на својата фан страна градоначалникот на општина Кисела вода, Орце Ѓорѓиевски.

Се работи за улиците ,,Томе Стефановски”, ,,Славчо Стојменовски”, ,,Коперникова” со нејзините краци, ,,Методија Патчев”, краците на улица ,,Славка Динкова” и ,,Герника” 8, на површина од 5200 метри квадратни.

Сите овие улици се опфатени со темелна реконструкција, а тоа подразбира дека покрај нов асфалт, добиваат и нови тротоари.

Кога пред две години дојдов на градоначалничката функција, кажав дека до крајот на мојот мандат нема да има ниту една неасфалтирана улица во Кисела Вода.

Затекнав улици кои никој претходно не ги посетил, а да не зборуваме да ги стави во планот за реконструкција.

Или, се давале само лажни ветувања со кои мојот народ живеел и секојдневно се соочувал со голгота.

Тоа за мене беше предизвик, си поставивме цел и докажавме дека со многу труд и желба можеме да направиме сериозни промени.

Мојот двегодишен мандат го завршувам со над 40 километри реконструирани улици.

Ова подразбираше макотрпна работа, но целта беше поголема.

Денес со гордост можам да кажам дека населбата Драчево е промената до непрепознатливост.

Од заборавена до урбана населба со комплетно нови улици, нови детски катчиња, паркови и спортски терени, се гради и нов затворен пазар за првпат во историјата на општината итн.

И не застануваме тука! Во наредниот период продолжуваме со уште посилно темпо, со уште поголема мотивација да ја направиме Кисела Вода поубаво место за живеење.

Таа е наш, а домот мора домаќински да се одржува и унапредува, се вели во соопштението.