Денеска (05.11.2023), заедно со учесниците на симулациската вежба “Хуманитарен одговор 2023”, го проследивме видео записот од симулациската вежба, објави предмалку директорот на БЈБ, Сашо Тасевски.

При што за нејзино успешно реализирање беа ангажирани повеќе организациони единици при Бирото за јавна безбедност, како СВР Скопје, Одделот за униформирана полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единицата за службени кучиња, Специјалната антитерористичка единица „Тигар” и Одделот за воздухопловни единици.

Упатени сме кон уште подобра координација и комуникација со граѓанскиот сектор, кон зголемување на постојниот капацитет и негово инкорпорирање во еден поширок систем на делување при итни ситуации, како своевидна есенцијална алка на тој систем.
Голема благодарност во свое и во име на Бирото за јавна безбедност до Црвениот крст на Република Северна Македонија за укажаното признание за досегашната соработка и поддршка, стои во соопштението.