Според неофицијални извори извршител на грозоморното убиство на 14- годишната Вања Ѓорчевска е градежен претприемач од Скопје со иницијали Љ.П. ,кој неодамна беше во притовр во Хрватска, пред извесно време се обиде и да направи политичка партија.
Поради непопречување на истрагата истиот нема да биде објавен додека не се огласат од ОЈО.
Тој е еден од петтемина , осомничени за убиството на Вања, чие тело беше пронајдено вечерва во околината на скопското село Орман. За убиството на Вања и на велешанецот Панче Жежовски (74) се товарат истите петмина, од кои тројца се во притвор, едно е во бегство во странство , а едно е во полициска станица.
Вања била убиена истиот ден кога е пријавено нејзиното исчезнување на 27. Ноември во понеделникот во 7.35 часот. Ја убиле во 10.00 часот.
Според информациите на МВР мотив и за двете убиства е користољубие.