Како ќе наближува денот на изборите, еднакво пропорционално ќе засили говорот на омраза и на сексистичките коментари. Тоа вознемирува, но нема да не обесхрабри, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, на осмомартовскиот марш на СДСМ, што се одржа денеска во Кавадарци.

Лукаревска порача дека социјал-демократките, жестоко ќе реагираме на секоја навреда, на секој непримерен збор и потценувачки гест кон секоја жена од која било партија.

Тоа ни доликува, тоа му доликува на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија. Затоа и станав дел од него. Говорот на омраза не е наша политичка култура. Нема да молчиме зашто злото не се победува со молчење. Навредите и заплашувањата само ја мобилизираат нашата храброст, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, од осмомартовскиот марш на СДСМ во Кавадарци.