Парите за исплата на бонус плата се обезбедени со новиот буџет. Единствена пречка зошто не е исплатена бонус платата за 2023 година е поради распишување на претседателските и парламентарните избори. Ова денеска го изјави дополнителниот заменик-министер на Министерството за внатрешни работи (МВР), Митко Бојмацалиев, при неговата посета на СВР Велес и Полициското одделение Чашка, посочувајќи дека вработените во МВР ќе ги добијат бонус платите веднаш по завршувањето на изборите.

„По завршување на изборите и завршување на техничката влада ќе започне процедурата за собирање на податоци и исплатата на бонус плата, која до 2017 година не беше исплаќана, а од 2017 година наваму редовно се исплаќа“ рече тој.

Ги информирал колегите дека иницијативата на Македонскиот полициски синдикат од ноември минатата година веќе привршува, а за неа, како што рече, е формирана и работна група, за колегите кои се на ноќна смена да добиваат паричен надоместок наместо храна.