Левицата одржа народен митинг во Куманово, каде што свое излагање имаа претседателската кандидатка Билјана Ванковска, носителот на пратеничката листа за ИЕ2 на Левицата, Амар Мециновиќ, и претседателот на партијата, Димитар Апасиев.

„Сите шестмина, колку и да се разликуваат, припаѓаат на иста политичка матрица, која се обидува да го сочува ова статус кво“, рече Билјана Ванковска.

„За нив, сонцето изгрева на запад, за нас – се движи. Нас нè тераат да се самоцензурираме, да се плашиме да кажеме сè што е на М. Тие ја упропастија државата, уништија сè – од здравство, судство, образование… А нам ни велат дека користиме штетни наративи? Не, ние ја говориме вистината“, изјави Ванковска.

Носителот Мециновиќ продолжи: ,,Не може веќе некој да се богати на грбот на народот. Верувајте, нè ни се врзани рацете, само треба да дојде на власт партија што ќе ја претставува работничката класа.

Ние како граѓани, како работничка класа и како конститутивен народ на оваа држава, сме ‘рбетниот столб на оваа држава. И ние ако сакаме национализација на ресурсите, нека се 100 пати австриската ЕВН и амбасадорите и нека се жалат до утре, тоа е тоа – ние ќе бидеме управувачи на својата судбина!“