-Артан Груби го испорача условот на ДУИ, тој кажа дека услов за коалиција и поддршка во втор круг е ДУИ да добие ветување за избор на претседателот на државата во собранието од наредните избори. Стево Пендаровски како слуга, поддржувач и човек што се восхитува на Али Ахмети да каже дали за него е прифатлив овој услов за поддршка во вториот круг. Пендаровски и СДС јасно да кажат дали ќе прифатат претседател на државата да се бира во собранието, наместо директно од народот?, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Од Кабинетот на Пендаровски кратко одговорија дека Пендаровски се имал изјаснето на оваа тема.

Пендаровски се има изјаснето на оваа тема. Прашањето е дали ДПМНЕ го промениле ставот?, се вели во реакцијата.