По вчерашната елиминација во полуфиналето на Купот на Македонија на Чаир „врие“. Навивачите на чаирскиот состав на социјалните мрежи бараат итна промена на тренерското место, каде во се уште е Младен Жижовиќ.

Според информациите, навиваат нов предводник на чаирскиот прволигаш да биде Ардијан Нухиу, кој во својот стручен штаб би го имал и Муарем Бајрами, со кого работеше на кормилото на Шкендија.

Засега се уште нема официјален став од клубот, но смената на Жижовиќ е се пореална.