Александар Николоски беше до Никола Груевски кога даваа наредба за насилен упад во Собранието, а Христијан Мицкоски заедно со насилниците влезе во Парламентот. Наместо да се извинат за тепањето пратеници на 27 април, тие најавуваат амнестија.

Дали ако дојдат на власт ќе се однесуваат поинаку?

Дефинитивно не!

Не смееме да дозволиме овие лица повторно да дојдат на власт. Мнозинството наши граѓани не сака враќање во мрачните времиња на режимот. Македонија може економски да просперира само ако ги активираме младите, доколку се вратиме повторно назад и тие што останаа ќе се отселат. На 24 април ајде заеднички да продолжиме да одиме напред.

Рече денес претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата. Стево Пендаровски пред жителите на Василево.