Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше меѓу граѓаните на општина Радовиш.

Од присутните, Пендаровски побара поддршка на 24 април и осми мај, затоа што само тоа е гаранција дека државата ќе продолжи по вистинскиот пат и ќе има претседател кој не ги дели граѓаните по ниту една основа.

Осврнувајќи се на ставот на Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ за преспанскиот договор и членството во НАТО, Пендаровски посочи дека во таа партија постои двојство дури и за најважните прашања.

„Искрено да ви кажам, не знам кој е ставот на опозицијата по тоа прашање, затоа што кандидатката на главната опозициска партија, има изјава каде што вели дека оние кои го потпишале Преспанскиот договор треба кривично да одговараат, затоа што тоа наводно било велепредавство на државата. Во програмата што ја објавија сега пред неколку дена, истата таа госпоѓа вели дека најголемо достигнување било нашето членство во НАТО бидејќи со тоа била загарантирана безбедноста на државата, а едно без друго не бива. Како и за други прашања, има двојство, дури и во врвот на таа партија. Јас им предлагам, пред да излезат во јавност да се договорат меѓу себе инаку вака се брукаат пред целата македонска јавност” порача Пендаровски д Радовиш.