Државната изборна комисија (ДИК) објави дека усвоила приговори за седум избирачки места.

Со тоа усвоени се приговорите за Желино, ИМ 2101, поднесен од коалицијата „Влен“; Охрид, ИМ 1272, поднесен од коалицијата „Твоја Македонија“; Крушево, ИМ 1194 и ИМ 1202, поднесен од коалицијата „Твоја Македонија“; Струга, ИМ 1844, поднесен од коалицијата „Твоја Македонија“ и коалицијата „За европска иднина“; Долнени, ИМ 1470 и ИМ 1470/1, поднесен од коалицијата „ Твоја Македонија“.

Другите приговори за избирачки места во Битола, Ресен, Гостивар, Долнени, Струга, Кичево, Демир Хисар, Чаир, Гази Баба се одбиени или повлечени.

Oд ДИК потсетуваат дека секоја заинтересирана страна има право на тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по одлуката на ДИК, а Управниот суд одлучува во рок од 48 часа по поднесената тужба.

По одлуката на Управниот суд, ДИК ќе излезе со конечен извештај за резултатите, односно доколку има избирачки места на кои ќе се поништи гласањето, дополнително ќе се направи симулација дали бројот на запишани гласачи во избирачките места на кои би се поништило гласањето влијае на резултатот во распределба на мандатите.

Во зависност од тоа, ДИК, по одлуките на Управниот суд, ќе донесе заклчок за евентуално прегласување на определени избирачки места.