Српскиот изведувач Драгомир Деспиќ познат под “уметничкото” име Десингерица го откажа најавениот концерт од Битола поради незаинтересираност.

Имено родители од Битола се кренале на нозе и кажале дека тој лик не е посакуван во градот на конзулите поради неговото недолично однесување на сцена со удирање по глава со патиките на присутните и ставањето на некоговото стапало со скинати чорапи на глава на некој од публиката.

Според информациите кои пристигнаа до нашата редакција осуден на пропаст највероватно ќе биде и концертот во Охрид.

Се формирал одбор на лица кои што се против недоличното однесување. “Нема да дозволиме еден дегенерик да прави дворски шутови од нашите деца” велат охриѓани

Прв кој застана против тоа однесување кон младата публика беше градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ