Револтирани жители од зградите во близина на градинката “Корчагин” до нашата редакција испратија фотографии со текст за самоволието на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски и директорката на градинката поради диво поставена рампа со која е оневозможен пристап за паркирање на возила.

Поставивме прашања во електронска форма на емаил адресата која стои на веб страната на општина Центар и емаил адресата на Градоначалникот, до овој момент одговор нема.

“Дали за рампата има соодветна дозвола за нејзино поставување, дали за истата има издадено сообраќајно решение, доколку ги има бараме да ни бидат испратени на увид.” се прашањата кои ги поставивме.

Во последните неколку денови расте незадоволството кон Герасимовски, што поради запуштените зелени површини, што поради изгорените зелени површини, а и хигиената на градот била на ниско ниво.

До каде ќе оди самоволието на Герасимовски, прашуваат центарци.