На само 50 метри од бараките на општина Центар се наоѓа хотелот  “City Park” кој во последниот период има видно изменет изглед и визуелно и според квадратура.

Според наши сознанија реконструкцијата е изведена без било каква дозвола или одобрение од општина Центар.

Дали Герасимовски не видел за градежните зафати или свесно замижал ќе треба да одговори пред надлежните институции.

Во текот на вчерашниот ден испративме прашање со фотографии како доказ за реконструкцијата на хотелот кој е преку пат од канцеларијата на градоначалникот но одговор не добивме на прашањата.

“Дали до општината е поднесено било какво барање или известување за реконструкцијата за хотелот и дали општината има издадено документација/одобрение/дозвола за градежните работи?” беа прашањата поставени до градоначалникот и општинските служби.

Како редакција стоиме на располагање доколку има одобрение/дозвола да ни достават при што ќе бидат објавени.

Ваквото однесување на Герасимовски не става во дилема по однос на искреноста на градоначалникот кој беше иницијатор на  седница на ЗЕЛС да се  формира посебна комисија која ќе работи на имплементирање на Иницијативата за конфискација на бесправно изградени објекти во ново законско решение.