Премиерот Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со амбасадорката на САД во земјава – Ангела Агелер.

Како што информираа од премиерскиот Кабинет, на средбата биле разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата.

Мицкоски ја истакнал важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.

Амбасадорката Агелер ја потврдила посветеноста на САД за продолжување на одличната соработка со С. Македонија и изразила подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.