Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче предмалку им се заблагодари на членовите на партијата за дадената поддршка.

“Почитувани членови на СДСМ, драги другари, ви благодарам на довербата. Благодарам за дадената поддршка која нема да ја изневерам.

Вечерва во СДСМ победи професионализмот, емпатијата, грижата за луѓето како мои основни вредности по кои ќе работи и функционира Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

Ветувам дека нема да делам туку ќе обединувам.

Ветувам дека ќе водам со пример и тоа ќе го барам од секој во партијата.

Ветувам дека силно ќе се спротиставам на оние кои сакаат да ја ослабнат партијата на сметка на личниот интерес.

Ветувам дека ќе го заштитам и слушнам секој член и на секому ќе му дадам глас.

Ветувам дека СДСМ ќе биде приземна, отворена и модерна партија подготвена за предизивиците кои следат.

Принципите на заедништво, другарство, взаемна почит и отворена комуникација се оние кои ќе ја одликуваат СДСМ под моето раководство.

Сакам ова заедништво вечерва да не краси во годините што следат, пред нас.

Да живее СДСМ

Да живее Македонија” напиша Филипче.