Минатата недела во хотелот “Hyatt” во Белград се одржа престижниот балкански настан “Најуспешни дами и брендови за 2024”. Како дел од овој настан беа кандитатки од целиот балкан, а признание од нашата земја доби Олгица Стојимировиќ и нејзиниот бренд Promoitalia. Ова е само уште едно признание од низата со кои Олгица се стекна изминатиот период (“Balkan Buissenes Awards” во Белград, Prestige Awards во Дубаи, Elite Buissenes Awards” во Истанбул, “40 under 40” од Forbes, “Aesthetic Clinic of the Year”, “Women Manager of the Year” и уште многу други). Сите овие признанија и награди се само показател на огромниот труд, работа и посветеност каде што несебично се вложува Олгица низ годините.

Чест и задоволство е што една ваква исклучителна дама која е успешна на светско ниво во својата дејност потекнува од нашата држава и не мотивира сите нас дека со труд и работа успехот е признаен насекаде во светот. Тоа што е од голема важност е дека Олгица и нејзиниот тим се редовни учесници на најголемите светски конгреси во Париз, Дубаи, Милано и се дел од обуките за најновите техники во естетската медицина, тоа што откривме е дека тимот се спрема за следен тренинг во Сингапур.

Секоја чест за сериозноста и посветеноста на овој антиејџинг центар, кој може да се пофали со највисоки светски стандарди, признанија и застапеност на најновите естетски процедури .Честитки Оле, Биди инспирација за сите млади дами и да ти се множат успесите!