Денеска е сменет Началникот на интервентна полиција, Дејан Несторовски.

Смената е направена против прописите што важат во МВР, односно работник кој има три години до пензија не може да биде распореден во пониско ниво од нивото каде работи што не е случај со началникот Несторовски на кого му се останати уште неколку до пензионирање.

Иако во неговата работа беа забележани низа на успешни акции во борбата со криминалците во градот сепак новото раководство на МВР не го гледа како подобен за извршување на таа функција за на тоа место веднаш да постави нивни човек.