Оливер Спасовски од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека многу е важно што државата е дел од НАТО и тоа е благодарение на државничкитеодлуки во изминатиот период.

– Да седите на иста маса со најголемиот воено политички сојуз и да креирате политики со сите држави на Алијансата е сериозна работа. Премиерот и останатите во делегација ќе го видат значењето на НАТО. Посетата на самитот на НАТО не е како посета на месаните комитети. Очекувам дека ќе се разговара за развој на Алијансата, како ќе се унапредуваат односите меѓу партнерите засновани на доверба. Мислам дека најавите од страна на грчкиот премиер дека ќе сео твараат прашањата, посакувам да не се случи. – рече Спасовски.