Поранешната Министерка за одбрана, во техничка влада и Министерка за внатрешни работи, а сега пратеничка од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска реагира на незаконските смени во МВР.

“Во рок од 7 дена во МВР “се поделени”, под притисок и закани повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници, дел од нив и на раководни позиции.

Во Агенцијата за разузнавање се назначи заменик директорка, без законски потребното работно искуство.

Се подготвуваат партиски послушници и во АНБ и Военото разузнавање.
И Мицковски најавува нова реформа на безбедносните служби и нивното спојување?

Не, тоа ќе биде полициско партиска држава со концентрација на моќ кај некој нов Горан Грујовски.” напиша Петровска на својата Фан страна.

Телефонски ја контактиравме и дополнително не извести за кои началнички места станува збор на што Петровска додаде дела на комисијата за политички систем поставила прашање, Дали е точно дека за помошник министер во МВР е поставено лице против кое во 2023 година е поднесена кривична пријава по член 247 од КЗ, Измама.”

Ова прашање денес им го поставила на пратеничките и пратениците од ДПМНЕ на седницата на Комисијата за политички систем.

Одговор до овој момент нема