Лука Дончиќ се повредил на тренингот на Далас Маверикс. Словенецот се здобил со контузија на левата потколеница. Проценката за состојбата на Дончиќ ќе биде позната за една недела, а потоа лекарскиот тим треба да процени и кога тој ќе се врати на теренот.

Во меѓувреме Далас го очекуваат претсезонски натпревари во НБА, а првиот ќе биде за шест дена против Мемфис, а потоа Маверикс ќе играат на 11 октомври со Јута, на 15 октомври со ЛА Клиперс и на 18 октомври со Милвоки.

Сезоната за Далас започнува на 25 октомври, со натпреварот против Сан Антонио. Во секој случај, ова ќе биде голем удар за Маверикс на стартот од сезоната.