На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведочеше Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје. Тој во детали објаснуваше како била вршена потрагата по исчезнатата Вања, но и откри детали за однесувањето на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

-Тој цело време ги предвидуваше настаните. Прво тврдеше дека е киднапирана, па убиена. Постојано повторуваше. Обвинетите Велимир и Боре пак ни кажаа дека таткото на Вања знаел дека во понеделникот ќе биде сама.
Ние најдовме и една порака во телефонот на мајката, скриншут, кој Александар ја праќа на мајката, во неделата вечер, од разговор со Вања. И велел дека во понеделникот (кога исчезна) ќе биде многу ладно. И рекол да се облечат многу добро, со шал, ракавици,. И се чудевме зошто ја пратил пораката, но мајката велеше таков е тој, сведочеше началникот.

Тој откри и дека таткото на Вања пишал порака за откуп, но по се изгледа ја згрешил групата.

-Александар пратил порака во група на родители, ја згрешил групата, па ја избришал. Но дел од родителите ја виделе. Пишувало: ,,Кажете само колку пари треба?, рече началникот, кој додаде дека пораката ја вратиле, односно не содржината, но утврдиле дека порака била пратена па избришена.

Тој посочи дека и мајката на Вања, Зорица, му кажала дека Александар и рекол дека доколку се бара откуп да не се грижи, ќе најдат пари од Хари.

Началникот Димовски посочи и дека таткото им бил сомнителен и по тоа што ја барал Вања, веднаш по исчезнувањето, возејќи кон Качанички пат, а од таму поминуваат и двете возила, ,,цитроенот” и ,,реното кангу”, а во едно од нив беше носена Вања.

-Кога го прашавме зошто возел по тој пат ни рече дека од филмови што гледал, најчесто грабнатите ги носат преку граница, па затоа тргнал. Но кога му реков па што не отиде до граница, рече дека било многу гужва и се вратил, сведочеше началникот.

Судењето е во тек.