Холандскиот стручњак Ерик Тен Хаг повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед, потврдија од клубот.

Очајниот старт на „црвените ѓаволи“ во новата сезона ја зеде првата жртва. Јунајтед се наоѓа на 14. место во Премиерлигата, а прв замина Тен Хаг.

Иако летово го продолжи престојот во „Театарот на соништата“ до летото 2026 година, само три месеци беа доволни двете страни да се разделат по нов пораз во Премиер лигата од Вест Хем.

„Благодарни сме за се што направи Ерик за клубот и му посакуваме се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на клубот.

В.д. тренер на првиот тим ќе биде Руд Ван Нистелрој, до неодамна беше помошник на Тен Хаг.

Томас Френк од Брентфорд, Рубен Аморим од Спортинг, Един Терзиќ и Чави Хернандез се некои од имињата кои се појавуваат за трајно исполнување на таа улога.

Тен Хаг го презеде клубот во април 2022 година и освои два трофеи со клубот – Лига купот во 2023 година и ФА Купот во 2024 година.