UPS ПРЕМИНУВА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

37

Стартап компанијата „Arrival“ со седиште во Велика Британија, кое потпиша договор со UPS-от за 10.000 комбиња за испорака, објави дека планира да отвори втора микро-фабрика во Соединетите држави во Шарлот, Северна Каролина, област недалеку од нејзината прва, во округот Јорк, Јужна Каролина.

Новата фабрика ќе произведува комбиња за испорака, на електрична енергија за United Parcel Service (UPS), соопшти компанијата.

 

Стартап компанијата минатата година сподели слики од своето електрично комбе во облик на тостер, кое ќе се заснова на скејтборд платформа од сопствен дизајн и ќе има домет од околу 240 км со целосно полнење.

Комбињата беа дизајнирани според специфичностите и потребите на UPS-от.

 

Оваа нова микро-фабрика ќе започне да ги гради комбињата кон крајот на следната година. Тактиката што стои зад микро-фабриките на Arrival, за разлика од конвенционалното производство на масовни серии за склопување, е да се намалат трошоците преку нова клеточна техника на склопување наспроти традиционалната производна линија.

На овој начин ќе се намалат стапките на трошоците за производство, со кое ќе се овозможи да се произведуваат различни возила од својата постава на помала цена, а со тоа ќе бидат многу подостапни и за крајните корисници.

Пристапот на микро-фабриката е исто така дизајниран за компанијата да постигне профитабилност во рана фаза, како резултат на помалиот капитал потребен за активирање на производството.

Пишува: Зоран Митрески (zmitreski@efixelectrical.com.mk)