Канадската полиција ја отфрли можноста за прекршување на постапката откако беше пронајдено тело на човек зад ѕид во женскиот јавен тоалет во провинцијата Алберта.

Властите велат дека човекот бил сам кога влегол во тоалетот во трговскиот центар во центарот на градот Калгари минатата недела.

Тие веруваат дека тој се качил зад ѕидот  низ отворот за прочистување, се заглавил и умрел вечерта во петокот на 27 април.

Што барал тој таму останува мистерија?

Телото на младиот човек(рани 20ти) беше пронајдено од страна на работник за одржување на објектот.

Тој поправајќи нешто го открил безживотното тело.

„Тој ѕид се користи за да се сокријат некои хиигиенски работи и е приближно 7 стапки висок, не е поврзан со таванот и нема други точки за пристап.”

Врз основа на докази полицијата вели дека човекот најверојатно се искачил внатре во ѕидот низ отворот.

Неговиот идентитет не се откирва и полицијата вели дека нема да испраќаат никакви дополнителни информации, бидејќи смртта се смета за случајна.