Почитувани пријатели, драги сопартијци,

Вчера извитоперената и прокомунистичка врхушка на нашата киднапирана партија ВМРО-ДПМНЕ, ја достигна кулминацијата и во својот недостоинствен стил како политички Франкенштајн ги запечати најголемите небулози на кампањата.

1. Најпрво, но не и најважно, Христијан Мицкоски на повеќе од пет настани споменува дека сдс била државотворна партија и цитирам: “Некогаш голема партија”.
Кога за Мицкоски и од кој аспект сдс некогаш заслужувала вакви епитети не добивме и нема да добиеме одговор, но затоа, вчера во центарот на ВМРОВШТИНАТА, градот Штип, се повика на Бранко Црвенковски (сме имале разлики). Не Христијане ние како ВМРО-ДПМНЕ сме дијаметрално спротивни од Црвенковски и неговата политичка идологија и пралса, а со тоа и од неговиот испрдок Максим без УМ кого ти во Куманово го направи градоначалник и божем политички фактор.

2. Повикувајќи се на Црвенковски не може да се пренебрегне фактот дека малку пред неговото споменување од страна на Мицкоски, говореше токму министерката во владата на Црвенковски, Силјановска која не пропушти во повеќе наврати повторно да нагласи дека таа не е член на ВМРО- ДПМНЕ па дека дури и не е засегната од тоа дали нашата партија ќе ги изгуби изборите, важно и е нејзе таа да победи.

3. Одрекувањето од ВМРО- ДПМНЕ, од страна на Силјановска значи повторување на сценариото со градоначалничката на Скопје, а тоа е резултатот на целосна маргинализација на членот на ВМРО-ДПМНЕ. Зарем е можно нашата партија да нема соодветен автохтон член кој заслужува и е на ниво да биде наш кандидат за претседател на Македонија? Ете маргинализирајќи го членството, особено секој оној кој размислува про вмровски и здраворазумски, Мицкоски на божемна Конвенција на која Силјановска беше делегат (а нели не е член на партијата, па кој ја избра за делегат) ја наметна за кандидат за претседател на Републиката поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. За нејзиниот неуспех и однесување кон партијата и татковината одговорност носи лично Мицкоски.

4. За наша жал Ахмети добро го проценил нашиот “даскал”. Уште порано го проценил и претседателот на сдс, кој е исхранет на многу сличен начин, а што е јасна политичка алузија на политичка и човечка недозреаност. Тоа се потврдува и низ позитивните ставови за Бранко Црвенковски кои ги споделуваат Мицкоски и Силјановска.

5. И КАКО ПОСЛЕДНО:
*потикнувањето на меѓуетнички тензии и вршење на етнополитичка мобилизација врз база на полумилитантна реторика е за секаква осуда. ЗАПАМЕТЕТЕ, војната носи беда и не е храброст, не постои победа, загубата за сите е огромна а за некои и ненадоместлива.

Воинственоста и “храброста” во ФБ пишувањата и тенденциозните политички обраќања не е исто што и реалноста во војна, но отровот искажан со збор не носи кон беда. ФБ хероите се оние кои први бегаат, затоа што се нели херои од под јорган планина.
Нема потреба да се враќаме децении назад, светот и времето врват напред и нашиот пат е напред во ЕУ како држава Македонија и македонска нација.

Пишува: Проф. Оливер Андонов