Maсимилијано Алегри замина од Јувентус во 2019 година после пет Скудета во низа.

Алегри тогаш имаше своја визија која не се совпаѓаше со онаа на газдата Андреа Ањели, па клубот на местото на Алегри го доведе Маурицио Сари од Челзи.

Сари го освои Скудетото и доби отказ после една година. Денес Јувентус го води Андреа Пирло и многу веројатно „старата дама“ после долго време ќе остане без шампионската титула.

Јувентус е во криза, а медиумите пишуваа дека Роналдо бил бесен после мечот за викендот кој Јувентус го доби против Џенова со 3:1.

Сега медиумите пишуваат дека Алегри во 2019 година сугерирал на продажба на Роналдо, па затоа и добил отказ.

„Треба да се ослободиме од Роналдо, тој го блокира растот на тимот“, ги советувал Алегри луѓето во клубот.

 

Ањели не го послшал, па се разделил со него. Инаку, во последно време Алегри се поврзуваше со враќање во редовите на Јувентус во случај Пирло да добие отказ.