Врховниот суд и владата на СДСМ и ДУИ, ги исполнува барањата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на пратениците на ВМРО во Собранието на Република Македонија, велат од Алијансата за Албанците. Од таму изразуваат, како што велат, длабока загриженост и исто така ја предупредуваат јавноста дека владата на СДСМ и ДУИ не само што нема намера да го реформира судскиот систем и функционирањето на владеењето на правото, туку истата оваа коалиција тргува со правдата во интерес на политичко пазарење.

„Ова најдобро се докажува со одлуката на Врховниот суд за ослободување на пратениците на ВМРО, кои се осомничени и обвинети за настаните од 27 април за напад врз Собранието и пратениците, од затвор во куќен притвор. Највисоката судска институција која е предводена од Јово Вангеловски, избран во време на ВМРО- ДУИ, е еден од главните катализатори на монтираните политичките процеси“, велат од партијата.

Врховниот суд, велат од Алијансата за Албанците, исполнува едно од барањата на ВМРО која го условува своето враќање во Собранието на Република Македонија.

„Најостро ги осудуваме овие политички пазарења кои денес ги прави владата СДСМ, ДУИ заедно со ВМРО, изведувајќи апсења кои на почеток наликуваат на филмски сцени а по некое време истите тие апсења завршуваат во домашен притвор како што е случајот и на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и другите инволвирани во крвавиот настан од 27 април. Владата на СДСМ и ДУИ нема капацитет ниту политичка волја за реформа на правосудниот систем, уште повеќе кога претседателите на високите судски установи се избрани од времето на ВМРО-ДУИ и истите не може да и служат на правдата ниту денеска да делат правда“, велат од Алијансата за Албанците.