Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и шефот на неговиот кабинет и пратеник Артан Груби денеска станаа роднини. Ахмети го крстил синот на Груби, Епир, а за ова лично на својот Фејсбук статус се пофали пратеникот. Тој во постот напиша.:

– Денес Епир наполни две години и моето семејство е почестено што токму на неговиот втор роденден една од најценетите личности, Али Ахмети, стана негов кум.