Раководството на Атлетико Мадрид побара од Барселона да го почитува договорот кој францускиот напаѓач го има со Антоан Гризман со овој тим.

Каталонскиот гигант е заинтересиран за услугите на Гризман, а претседателот на Барса Бартомеу во понеделникот изјави дека веќе се состанал со агентот на францускиот фудбалер.

Атлетико Мадрид одлучи да се прозинесе за случајот со Гризман, а тоа го направи извршниот директот Анхел Гил Марин. Тој порача дека им е доста од Барселона.

„Доста ни е од ставот на Барселона. Покажуваат апсолутен недостаток на почит.“ – рече Марин и додаде:

„Ставот на Атлетико е повеќе од јасен и повторен повеќе пати. Не сме преговарале за трансфер на Гризман, ниту имаме намера тоа да го направиме.“