Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, го поздрави денешното потпишување на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

“Го поздравувам денешното потпишување на долгоочекуваниот договор кој претставува исполнување на нашиот сон за целосно интегрирана Македонија во Европската унија и во НАТО. Работевме напорно и со голема посветеност да дојдеме до овој ден кога ќе се построиме на правилната страна на историјата. Честитки до сите и ве уверувам дека ова е вистинската одлука за заедничката иднина и за најдоброто можно за сите наши граѓани “, истакна лидерот на ДУИ, Ахмети.