Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им го честита рамазан на муслиманските верници, посакувајќи им лесен пост и прифатени молитви, здравје и благосостојба во семејствата.

„Овој месец на посветеноста и вербата нè наоѓа во тешки околности, но искрениот верник знае дека по секоја потешкотија доаѓа олеснувањето. Да ги зачестиме молитвите, да ги зголемиме добротворните дела, да ја подадеме раката еден кон друг, да бидеме корисни за себе, за општеството и за Бога.

Во пресрет на почетокот на светиот месец, вчера и денес посетивме над 2.000 семејства за да им кажеме дека не се сами и повикувам секој од нас да направи сè за да си помогнеме едни на други, со добра намера, со искрени молитви, со правично постапување.

Ви посакувам многу здравје, посветеност кон семејството и Господ, душевен мир и бескрајна верба“, порача Ахмети.