По денешните врнежи од снег директорот на Македонија пат, Костадин Ацески објави дека екипите на Јавното Претпријатие за Одржување и Заштита на Магистралните и Регионалните патишта Скопје, будно ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои и навремено интервенираат.

Воедно Ацески упати апел до сите учесници во сообраќајот да носат и користат зимска опрема и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.