Претседателот на Барселона Јосеп Мариа Бартомеу се изјасни против евентуално враќање на Нејмар, кој минатото лето се пресели во францускиот ПСЖ за сума од 222 милиони евра.

Бразилецот не се чувствува удобно во ПСЖ и многу е веројатно да го напушти Париз, а некои медиуми пренесоа дека Нејмар веќе изразил желба да се врати на „Камп Ноу“.

– Не сметам дека е важно да го враќаме. За нас би било уште едно понижување по целата сага, која ја преживееме минатото лето. Сепак Барселона има свое достоинство и треба да го чува, изјави Бартомеу.

Нејмар во моментов закрепнува од повредата која ја заработи за време на средбата со Марсеј. Неговото враќање на теренот се очекува во мај.

За разлика од претседателот на каталонскиот клуб, дел од фудбалерите, меѓу кои и првата ѕвезда Лионел Меси, посакуваат Нејмар да се врати во Барселона.