Денес, во рамките на посетата на претставниците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести(ECDC) во склоп на Европската комисија, заедно со министрите за здравство, земјоделие , заменик министерот за екологија и директорот на АХВ учествував на работен состанок на тема: “Едно здравје” во врска со борбата против антимикробната резистенција, објави пред малку Заменик директорот на МАЛМЕД, Роберт Бекиросски.

Агенцијата за лекови и медицински средства, како регулаторно тело е одговорно за управните и стручните работи поврзани со лековите и медицинските средства, вклучително и антибиотиците за превенција и третман на инфекции кај луѓето.

Гаранцијата за достапност до квалитетни, безбедни и ефикасни лекови е императив за МАЛМЕД, особено за лекови за антимикробен третман.

Од минатата година воведен е унифициран електронски систем со софтверска програма за следенье на потрошувачката на лековите, што секако ги вклучува и антибиотиците.

Проблемот на антимикробната резистенциіа (АМР) е глобален проблем, затоа Агенциіата залекови и медицински средства со взаемна соработка со сите останати чинители во системот и активн учествував во контролата на АМР.