Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони најави дека ако не се променат работите во клубот тој би можел повторно да го купи.

Берлускони го продаде Милан и се очекуваше дека работите ќе се променат, но тоа не се случува, тимот е далеку од битката за позициите кои водат во Лигата на шампионите.

„Доколку продолжи вака, не негирам дека порано или подоцна повторно ќе го купам Милан“,изјави Силвио Берлускони од политички митинг на неговата партија во Удине.

Анкетите велат дека продажбата на Милан е една од причините што неговата партија „Форца Италија“ не напредува, таа е заглавена на 14-14,5% од гласачкото тело иако се прогнозираше дека ќе оди напред.

„Многумина ме застануваат и ме прашуваат зошто го продадов клубот на луѓе кои не ги ни знаеме, ме обвинуваат мене за актуелната состојба“.