Четириесет и шестгодишен битолчанец се обидел да силува 15-годишно девојче со кое биле во роднинска врска. Случајот во полиција вчера го пријавиле малолетничката и нејзината мајка.
Според информациите на полицијата, тие пријавиле дека Ѓ.Б. (46) од Битола кој бил нивен подалечен роднина се обидел да изврши други полови дејствија врз неа. Околу 14.30 часот тој дошол во нивниот дом и ја повикал малолетничката да појде со него да ѝ купи тренерки. Тргнале со такси-возило кон Прилеп, но по кратко време излегле од возилото и продолжиле пеш. Кога застанале да одморат тој почнал да ја соблекува и да ја допира по телото, но таа го оттурнала и побегнала до главниот пат.
Според информациите на полицијата, таа наишла на возило кое поминувало по улицата и ја однело во нејзиниот дом. Во 22 часот Ѓ.Б. бил уапсен и со него бил извршен разговор. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.