Загрижувачко е однесувањето на политичкиот врв во Бугарија, кои никако да разберат дека Македонија е независна и суверена држава и ќе прави што сака, во рамки на меѓународно преземените обрски. Бугарските политиканти никако да разберат дека изјавите кои ги даваат Захариева, Каракачанов, Ковачев и останати, по три пати на ден, се дирекно мешање во внатрешните работи на Македонија. Дали тие се игра и главната цел им е да испровоцираат македонска реакција за да се прават жртви пред ЕУ? Најсмешно е кога БГ зборува за врски со Русија!

Сите сме свесни дека половина бугарски партии и служат на директно на Русија, вклучително и претседателот Радев, кои не сакаа да осудат незаконско малтретирање на рускиот народ (случај Навални), “евродепутатите” од БСП не осудија во ЕП, НАТО им фатија десетици агенти на ГРУ во Софија, имаат руска партија во Бугарија, ВМРО БНД со штаб во Варна го имаше руско знаме со години, а тие зборуваат за руски врски на Македонија,

Тие ни го наметнаа најголемиот преварант за конзул во Македонија, учествуваа во државен пуч во земјава, шиткаат бугарски пасоши како ченгии по македонски пазари, во длабока љубов се со сите удбаши и разноразни бугараши, финансираат антидржавни здруженија и партии во земјава, форсираат антимакедонски портали со српски пари, сите македонски активисти кои поткрепуваат македонско – бугарско пријателство ги прогласија за српски платеници, проектот “Јазиците на Македонија” на Македонски концепт го прогласија за антибугарски затоа што предвидувал изучување на бугарски јазик во Македонија посебно од македонскиот јазик, за сега да го бараат истото. На крај повторно виновна е Македонија.

Време е Бугарија да се соземе и понесе одговорност за обид за уништување на македонската држава и нејзино туркање кон антиНАТО земји и спречување на проширувањето на ЕУ на Балканот!

Време е за одговорност во Бугарија!