Невропсихијатриското вештачење во случајот со четиригодишниот Алмир Алиу го направил вештак без лиценца, дознава Алсат М телевизија.

Бранислав Стефановски беше одреден за вештак во овој случај, четири месеци откако му истекол рокот на лиценцата. Врз основа на неговото вештачење е направена и преквалификација на делото од „убиство“ во „сообраќајна несреќа со смртни последици“.

Од кумановското Обвинителство велат дека тие не се одговорни и за одговорност упатуваат на Универзитетската Клиника за психијатрија во Скопје која назначува судски вештаци.

-Овој нов момент го поставува прашањето дали обвинението ќе остане исто и дали одбраната ќе бара ново вештачење?-пишува Алсат.