Ане Лашкоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ја обвини власта дека неосновано и во континуитет ги задолжува граѓаните.

„Картелот што ја води државата, наречен СДСМ, неосновано и во континуитет ги задолжува граѓаните. Државниот долг надмина 4 милијарди евра, а картелот тоа го крие од јавноста. Картелот вчера го зголеми нето-долгот на државата за нови 20 милиони евра. За 20 милиони евра само за еден ден се зголеми долгот кој ќе го враќаат идните генерации. За еден ден секое македонско семејство е задолжено за нови 40 евра. Со ова задолжување државниот долг веќе надмина 4 милијарди евра и изнесува 4 милијарди и 40 милиони евра. Јавниот долг со голема брзина оди кон бројката 5 милијарди, и сега изнесува 4 милијарди и 806 милиони евра“, рече Лашкоска.

Според неа, СДСМ ја крие реалната висина на долгот и побара од власта да одговори во чии џебови завршуваат милиони евра, пари кои утре со камата ќе треба да ги враќаат идните генерации.