Во Владата почна средбата на британската премиерка Тереза Меј со премиерот Зоран Заев. Меј беше пречекана во Владата со високи државни почести.

Меј заедно со делегација на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска е во еднодневна официјална посета на Македонија. По завршување на тет-а-тет средбата на Меј и Заев, ќе се одржи и билатерален состанок на македонската и британската делегација.

Откако ќе завршат средбите, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес конференција на која ќе ги соопштат темите за кои се разговарало.

По посетата во Влада, Меј ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.