Руската војска соопшти дека извршиле успешна проба на суперсонична ракета која може да носи боева глава и незабележано да помине низ непријателската одбрана.

Видеото објавено од руското министерство за одбрана покажува како воениот авион Миг-31 лансира ракета „Кинжал“ за време на тренажниот лет. Министерството наведува дека ракетата која што носела конвенционална боева глава ја погодила целта за вежбање на полигон во јужна Русија.

Претседателот Владимир Путин на почетокот на месецов кажа дека суперсоничното вооружување „Кинжал“ е оружје кое ќе ги зајакне воените капацитети на земјата и ќе ги направи американските противракетни системи безкорисни.

Путин изјави дека „Кинжал“ може да лета десат пати побрзо од брзината на звукот, има дострел од повеќе од 2 илјади километри и може да носи нуклеарна или конвенционална боева глава.