Рускиот новинар Аркадиј Бабченко за кој беше објавено дека вчера вечерта бил убиен во Киев, е жив. Познатиот критичар на Кремљ денеска се појави на прес-конференција на украинска телевизија.

Шефот на безбедносните служби на Украина изјави дека „убиството“ било изведено откако Украина дознала за руски заговор за убиство на новинарот. Според него, убиството било нарачано од руските безбедносни служби.

Бабченко на прес-конференцијата им се заблагодари на украинските безбедносни служби затоа што, како што рече, му го спасиле животот.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по појавувањето на Бабченко, рече дека лажното убиство е направено за пропаганден ефект, објави руската новинска агенција Интерфакс.epa

Претходно беше објавено дека новинарот, наводно, бил пронајден од страна на неговата сопруга облеан во крв на влезот во неговиот стан. Наводно тој неколку пати бил застрелан во грб и починал во болница. Тој очигледно не ѝ кажал на неговата сопруга дека убиството било исценирано „Специјално извинување за мојата сопруга“, рече тој на прес-конференцијата.

Бабченко објавува критички текстови на Фесјбук за активностите на Русија во Сирија и источна Украина. Тој ја напуштил Русија во 2017 година, откако добил смртни закани во врска со неговите објави.