На снимката се гледа како Ивица Б., член на обезбедувањето на Мицкоски, и Влатко Г., полицаец од ЕНТ, кој е на служба таа вечер, првично разговараат во внатрешноста на објектот, па како Ивица го истуркува Влатко надвор, каде што во еден момент и го удира со тупаница, а потоа и му се обраќа мавтајќи со прст кон него

Снимките од безбедносните камери од познатиот скопски локал, до кои дојде „360 степени“, покажуваат што точно се случувало на преминот меѓу саботата и неделата (17 и 18 февруари) кога Ивица Б., член на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нападна колега полицаец кој бил на служба таа вечер.

На почетокот на видеото се гледа како Ивица Б. (облечен во црна блуза) и Влатко Г. (облечен во зимска јакна во окер боја) разговараат во внатрешноста на локалот.

 

Извор: 360 Степени