Поранешната кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон заврши во болница во Индија откако се здобила со мала повреда.

Клинтон го повредила зглобот шетајќи низ централниот дел на Индија, а на видеото кое што се појави на социјалните мрежи може да се забележи како таа се излизгува на скали, по што двајца мажи ѝ помагаат да се симне.