Заменик претседателот на Европскиот Парламент, Рајнер Виланд, изјави дека Косово прво треба да ги исполни условите, а потоа да добие либерализација на визниот режим со земјите на ЕУ, но, како што информираат косовските медиуми, притоа не прецизирал поконкретно за кои услови станува збор.

Приштнискиот весник „Зери“ пишува дека по средба со претставници од Демократскиот Сојуз на Косово, Виланд нагласил дека Косово има уште работа за да го исплни условот за добивање на либерализација на визите. Тој нагласил дека поради оваа причина не траба да се даваат многу ветувања дека либерализацијата на визите ќе се добие многу брзо.

Шефот на канцеларијата на ЕУ во Косово, Наталија Апостолова, во изјава за косовските медиуми не даде рок во врска со либерализацијата на визите. Дел од косовските медиуми нагласуваат дека еден од условите за либерализација може да биде и формирањето на Асоцијацијата на српски општини во Косово.