Вишото јавно обвинителство пред Апелациониот суд во Скопје побара укинување на пресудата за случајот Талир 2 кој се однесува на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имајќи ја предвид пресудата и жалбите на одбраната, наоѓам дека обжалената пресуда потребно е да се укине. Не е јасно кое е својството на обвинетите, бидеќи се обвинуваат за 353 став 1, им се дава одгворно лице во правно лице, но во диспозитивнот имаат опис на службено лице, диспозитивот е нејасен заради дадената диспозиција во однос на нивното својство. За постоење на овој облик пресуден е мотивот, особено кај службените дејствија. Тгрнувајќи од оваа дефиниција, претходно е битно да се знае својството на обвинителот, а во конкретниот случај истите немаат никакво својство на службено лице, туку на одговорно лице. Од изведените докази не може да се утврди било каква противправна имотна корист, преземените дејствија се во рамките на нивните овластувања од Статутот. Во пресудата судот одредени факти судот нецелосн ги анализира, а заклучоците не се засновани на позтивните законски норми, вели Цветановски.

Според обвинителот Јован Цветановски првостепената пресуда е нејасна и неразбирлива и случајот треба да се врати на повторно судење но да се земат и предвид измените на КЗ со кои ќе се утврди апсолутна застареност на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите.

-Судот погрешно се впуштил во оцена на несразмерноста на процентите, но заклуокот не го заснова на регулираната норма. Судот се вклучува во ценење на стопански и економски дејствија на пазарот со недвижности. Судот не прави разлика меѓу јавна набавка и јавна услуга. Предлагаме предметот да се врати на повторно судење, да се отстранат констатираните повреди. Да се земат предвид измените нз КЗ за 353 и да се примени, со што настапува апсолутна застареност на делото.( Во јануари 2023 година настапила застареноста од склучувањето на договорот, вели обвинителот.

На иста линија се и адвокатите кои ги образложуваат своите жалби пред апелационите судии.

Во случајот Талир 2 првостепено беа осудени екс премиерот во бегство Никола Груевски на шест години затвор и поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски на условна казна. Со одлука на првостепениот суд беше и донесено решение за конфискација на партиското седиште.